by admin | Mar 21, 2022 | Македонски поети, Почетна
ОКО Окото движечко – знак е, задниот блесок на сонцето – негова сопственост! Зелено, сино, црно или кафено – боја, самобоја… Радосно, копнежливо – ехо на љубовта! Тажно, плачливо – ја мие душата. Битисува окото – разговорот не е потребен… Поради него Фауст...
by admin | Aug 5, 2021 | Македонски поети
БОГОМОЛКА (посветена на балканскиот национализам) Капки роса на мртвите прсти на асфалтот, девојче ги држи во раката, ги плаче, виножита сиви од ладен оган и чад, модри од чизми изгазени, од куршуми избодени брат и брат. Господе повторно ли не заборави или и тебе ти е...
by admin | Jul 6, 2021 | Македонски поети
БЕСПАЌЕ (од „Под дервишовото сиќе“, 2018) Како див град Или тишина пред срам Ти се предавам на тебе и твојата целост Да ме одведеш онаму Каде што ќе танцувам под туѓ допир И ќе бладам на туѓи височини Да битисувам со и над тебе А ти во мене Како озарен слог Патека во...
by admin | May 22, 2021 | Македонски поети, Слем поети
Р(Е)ВОЛУЦИЈА Мементо мори, стегај си заби низ солзи. Милион успеси, а само ползи и ползи. Видици шири, од која страна и да свртиш, крив си. Шо ќе ти е на живото суштина? Исфрли сè и на крајо плукни ја. Чекај си 5-6 сати во јавна институција. Ако немаш кеш –...
by admin | May 21, 2021 | Македонски поети
КАДЕ БРЗАШ МАЛ ЧОВЕКУ Го гледаш ли хаосот во овој свет каде брзаш мал човеку да достигнеш ли уште до височините или да ѕирнеш што сѐ се крие насекаде на земјата или во вселената со авиони, ракети… Дали имаш желба сѐ уште да се китиш со повеќе награди, пари и...
by admin | Apr 13, 2021 | Македонски поети
БЛАГОСЛОВ ЗА ПОЕТОТ Те благословувам со тишина, сопствена соба за владеењe, со спокојство на паднати ангели, заспани некаде под прозорците додека ти сонуваш дека сите ѕидови исчезнале и ти пораснале крилја. МАЛА ПЕСНА “зошто постоиш и ти со своето...