by admin | Jul 4, 2024 | Новости, Почетна, Проекти
Поетската книга „Игра/Критична точка“ од српската современа поетеса Милосава Павловиќ е интересна за читање, песните се кратки, концизни и налукуваат на кратки афоризми со поучна содржина. Налукуваат на кратки зен приказни напишани во поетска форма, каде што се...
by admin | Feb 29, 2024 | Почетна, Странски поети
берба на дуњи до гробиштата за животни кај стариот бедем рикаат едри вимиња од гранките натежнати по добри како и по лоши струми и по исполнување во притискалка за цедење податливи сме го молземе дрвото и простираме слама за драгото ни овошје корпите кога се одвлечени...
by admin | Dec 26, 2023 | Македонски поети, Новости, Почетна
ПРОСЕЧЕН ЧОВЕК Катран размачкан врз изморените дланки, чело наросено со студени капки, човек исправен пред најголемото потклекнување, човек што ползи меѓу безрбетници, изморен уште од осамнување. Жегата ја турка подолу во гркланот, тагата ја турка сѐ подлабоко во...
by admin | Oct 22, 2023 | Македонски поети, Новости, Почетна
БОРБА Се бори езерото под зимското сонце. Се мешка и прпелка под кошулката од крлушки. Сака да ја свлече од себе таа тешка покривка Како змија што на пролет се ослободува од старите кожи. Далеку е пролетта, штотуку те одмина. Долго ќе чекаш да созрееш повторно. Од...
by admin | May 30, 2023 | Македонски поети, Новости, Почетна
ШКОЛКИ НА ВРЕМЕТО Кој беше светот што се лизна како песок меѓу твоите прсти, кога бевме деца на небото и таму горе си ги слушавме идните животи во школките на времето? (Дали е овој во којшто усните ме болат од молк, а рацеве од копнеж за тој дом што не ми е ни...
by admin | May 27, 2023 | Почетна, Странски поети
ИСПОВЕД Не кажувај никому дека не сме го читале Дерида Дека на врвовите од нашите умови одеднаш никна чевел Дека на врвовите од нашите тела завршува водењето љубов И дека значењето засекогаш се влече натаму, токму натаму Не кажувај никому како те сменив за една кошула...