ПРАВОПИСЕН МОЛК,  Звонко Танески

ПРАВОПИСЕН МОЛК,
Звонко Танески

Го имам твојот број на мобилен трите твои и-мејл адреси но, за жал, ги немам твоите брчки на челото и глувчешката дупка за влез во твоите соништа. Затоа, не се јавувам, не пишувам, не сонувам. Се плашам од повратниот одговор. Паметам дека во твојот молк неодамна имаше...
17.  Биљана Стојановска

17.
Биљана Стојановска

Баба ми пред неколку години ми сплете шал. Убав, широк, долг и црн, баш онаков каков што јас сакав. Секоја зима не го вадам од себе, и покрај тоа што на неколку места ми е изгорен од паднат жар од цигара. Го шетам на промоции, на гала-вечери, на важни и на неважни...
ИЗГРАДИВ КУЌА,  Ана Голејшка Џикова

ИЗГРАДИВ КУЌА,
Ана Голејшка Џикова

и во неа сместив Зачини, билки и сон Го полеав заедничкиот кревет со цимет и каранфилче Чекам да преврне дождот од ѕвезди и да се смири ноќта Да те повикам на добредојде Со слатко од смокви и бисерна вода.   Ана Голејшка...
TO AN EVE,  Душко Крстевски

TO AN EVE,
Душко Крстевски

Не ги сакам местата каде што те нема тебе, Ева. Нашата плажа е сега изгубена пустина. Ни едно зрно песок, Ни еден здив на ветрот Не те најавуваат, Ева. Сите збогувања се исчезнувања, А сегашноста лежи во нејзиното исцедување. Би сакал сѐ одново да проживеам со тебе,...