TO AN EVE,
Душко Крстевски

Не ги сакам местата каде што те нема тебе, Ева.
Нашата плажа е сега изгубена пустина.
Ни едно зрно песок,
Ни еден здив на ветрот
Не те најавуваат, Ева.

Сите збогувања се исчезнувања,
А сегашноста лежи во нејзиното исцедување.

Би сакал сѐ одново да проживеам со тебе, Ева.

Нашите појадоци и
Нашите пладниња
Нашите вечери кога
Ја засведочувавме егзекуцијата на сонцето.
Но само мои утра додека те набљудувам како
спиеш, Ева.
Минливи се нашите тела, Ева,
Иако парадоксално,
Ги вооружуваме за лов на Вечноста.

 

Душко Крстевски

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија