by admin | Mar 7, 2021 | Странски поети
*** Еднаш, сонував чума – илјадници заразени, во брезова шума водеа љубов со грбовите лупејќи ги стеблата, дишејќи силно, како бура затворена меѓу спокојни дрвја. Чиниш со мрдањето на телата го довикуваат духот на подземните води низ крошните прогонувајќи го и денот и...
by admin | Mar 6, 2021 | Странски поети
ВЕТИ ДЕКА ЌЕ БИДЕШ ВЕЧНА Вети еднаш во детството дека ќе бидеш вечна, дека ќе те најдеме по секое наше враќање, како сенка под куќната стреа, како куќен праг. Не се случи ниту една наша пловидба, а ти да не ја минеш како рибарските жени, гледајќи кон отвореното море;...
by admin | Mar 3, 2021 | Странски поети
РАМНОПРАВНОСТ Во мракот сите мачки се исти, дури и мачката на Шредингер ПРИМЕНЕТА АЛХЕМИJA Одлучи да го промени светот, самиот се измени. Одлучи да се измени, го промени светот. Сега воопшто не можат да се препознаат, па клучот од алхемиската формула е одамна изгубен....
by admin | Feb 18, 2021 | Странски поети
МИТОМАНСКА Извини, те заменив со Него. /Не сакав/ Случајно, таа ноќ имаше млада месечена која штотуку се пораѓаше од плацентатата на облаците како крвав живот од матката, нов лист се сврте од некоја романтична страница во мојата глава. Нестрпливо го фрлив бисерот од...
by admin | Feb 15, 2021 | Странски поети
*** Најлесно се движиш помеѓу животни и деца Ја држиш нивната радост во своите раце како јајце Животот блескоти во кршливата лушпа Ти си дете меѓу децата една од стадото и дури и бикот ја положува својата глава во светоста на твоите раце *** Честопати ги бараш...
by admin | Jan 15, 2021 | Странски поети
достава до дома човек со точак ми влегува во дневната соба од големите уши му капе масло за коса има голем нос и скинати ногавици слегува од точакот има голема уста, а не вели ни збор маслена дамка на подот можеби престанав да ги разбирам луѓето, ама што сака овој...