РАМНОПРАВНОСТ
Во мракот
сите мачки
се исти,
дури и
мачката на
Шредингер
ПРИМЕНЕТА АЛХЕМИJA
Одлучи да го промени светот,
самиот се измени.
Одлучи да се измени,
го промени светот.
Сега воопшто не можат да се препознаат,
па клучот од алхемиската формула
е одамна изгубен.
Наталија Неделкова