„Ода за шумата“ од Магдалена Чапаровска
Авторка: Магдалена Чапаровска
Главен уредник: Драгана Евтимова
Редакција: Маја Којчева Величкова
Лектура: Елизабета Коневска
Корица: Мите Спасовски
Технички уредник: Мартин Георгиевски
Книгата е објавена со финансиска поддршка од Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија

Магдалена Чапаровска е родена 1983 година во Скопје, Р Македонија. Во 2005 г. Магдалена Чапаровска дипломира Општа психологија и советување на Американскиот колеџ во Солун, а во 2009 г. магистрира Општа психологија и советување на Шефилд универзитетот во Солун. Во 2012 г. станува семеен советник при Институтот за брак, семејство и системска пракса во Скопје. Од најрана возраст пишува поезија и проза. Редовно учествува на литературни конкурси и фестивали. Во ноември 2016 г. заедно со уметницата Ивана Пирковска фигурираат како авторки на експерименталниот мултимедијален истражувачки перформанс „Циклуси (+) (-)“ што се реализираше во КИЦ, истражувајќи ја врската меѓу индивидуалното и колективното. Во 2017 г. ја објавува својата прва збирка поезија „Еленот слуша виножито“ во издание на издавачката куќа „Три“. Во 2019 г. се објавува втората збирка поезија „Скршен аватар“ во издание на „Современост“. Во 2020 г. учествува со расказ во антологијата „Карантински приказни“ во издание на „Три“.
„Ода за шумата“ е нејзината трета збирка поезија во издание на „Фуснота“, во која ја обработува врската меѓу природата и модерниот човек, во издание на Фуснота, 2026.
