„Краток вовед во толкувањето“ од д-р Наталија Орлиќ

„Краток вовед во толкувањето“ од д-р Наталија Орлиќ

Авторка: д-р Наталија Орлиќ
Главен уредник: Драгана Евтимова
Лектура: Елизабета Коневска
Корица: Мите Спасовски
Технички уредник: Мартин Георгиевски
Книгата е објавена со финансиска поддршка од Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија

д-р Наталија Јовановиќ Oрлиќ  е родена во Скопје и уште од најраното детство, растејќи во повеќејазична средина, покажува исклучителна љубов кон јазиците и комуникацијата, а својата природна дарба ја развива активно говорејќи повеќе јазици уште од најмала возраст. Наталија Орлиќ е дипломиран филолог по македонски јазик со српскохрватски јазик на Катедрата за македонски јазик при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а паралелно студира и словенечки јазик на Универзитетот во Љубљана. На Филозофскиот факултет во Љубљана докторира на тема „Функционалност на меѓујазичкото посредување од подрачјето на меѓународната заштита и миграциите“. Нејзиниот докторски труд претставува пионерско дело во оваа област во Словенија и прво емпириско истражување, кое систематски ја разгледува функционалноста на преводите и толкувањата во контекст на меѓујазичкото посредување. Со тоа отвора нови научни перспективи, прашања и предизвици за понатамошни истражувања во областа на толкувањето, миграциите и меѓукултурната комуникација. Уште од студентските денови активно работи како преведувач и толкувач.

Денес дејствува како конференциски толкувач, судски толкувач и толкувач за заедницата, со особен фокус на толкувањата за истражните и полициските органи – област со која активно се занимава и академски и како лектор по толкување на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Марибор.

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија