САШО ОГНЕНОВСКИ

КОЛКУ МОЖЕ ДА БИДЕ МОЌЕН СТИХОТ?

Моќта на стихот е во интерпретацијата на вистината. А вистината е огледало на историјата. Историјата секогаш имала погрешни одблесоци и за жал погрешни заклучоци. Стиховите, како што вели Јосиф Бродски се плод на талентот. Нивната моќ да ја артикулираат вистината така што таа ќе постане длабока порака и фундаментална мудрост е цивилизациски препознатлива и затоа поетите во многу слушаи стануваат дисиденти како што впрочем беше и Бридски. Поезијата има и исцелителна моќ. Меморијата, онаа која не е контаминирата од политички дисторзии е онаа што во своите дамари ги чува значенските состојки на стихот. А поетот е пратеник од другата страна на човековото битисување. Од онаа непознатата, мистериозната, недопирливата. И тој знае каде да оди, кому да пее и зошто да опејува. Тој, поетот погледнал од двете страни, затоа неговата моќ е голема.

 

ДАЛИ ИНДИВИДУАЛНОСТА НА ПОЕТОТ ВО ДЕНЕШНО ВРЕМЕ СТРАДА? И ЗОШТО?

Поетската индивидуалност во времето на лаги и игнорантност е дефинитивнио нарушена. Но дотолку повеќе, за поезијата е тоа и мегдан за судир со минатото како би се расчистил просторот на иднината. Не би можел да одговорам на прашањето зошто, затоа што има многу причини стихот да настрада од напливот на прозаичноста во сите сегменти од духовниот живот денес. Векови наназад драмите се пишиувале во стихови (Гете, Шекспир, Молер, Корнеј, Калдерон). Таа инспиративна нишка значела дека стихот е највисоката изразна форма и како таков дефинитивно кореспонидрал со индивидуалноста на уметникот. Стиховите го прават поетот да биде различеј од другите луше, т.е. ја возобличувал неговата индивидуалност. Дваесет и првиот век е време на повеќе вистини и на девастиран реалитет. Поезијата токму во ова време има многу предизвици за да се избори како повластена книжевна форма за своето место во универзумот.

 

КАКВА ФОРМА ИМА ПОЕЗИЈАТА ШТО ОСТАВА БЕЛЕГ ВРЗ ЧОВЕКОТ?

Еден од најголемите поети што ги познава оваа цивилизација, Омар Хајјам во својата поетска збирка „Рубаије“ повикува на тоа човекот да си создаде свој рај на земјата иако религијата ветува рај после смртта. „Кутра душо, никогаш нема да ја дознаеш вистинската важност на ништо“., вели тој во еден стих. Овде повторно ќе се вратам на вистината: човекот е секогаш во потрага по визуелизација на својата животна цел. Поезијата се занимава токму со тоа: со книжевна визуелизација која води токму кон комодитетот на „земскиот рај“ на којшто асоцира Омар Хајјам. Тој бил и математичар. Векови зад нас поетите биле и историчари, географи, математичари, филозофи. Поезијата е кондензат на човековото духовно искуство, затоа нејзиниот белег е од огромно значење за отркивање на смислата на овоземниот живот, конечни и за тоа како би изглердал тој „земски рај“ кој би требало да подразбира спиритуална рамнотежа и нескршлива логика.

 

ВО ПОЕТСКИ КОНТЕКСТ, КАКВА Е ВРСКАТА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЕЗИЈА ВО СПОРЕДБА СО СВЕТСКАТА?

Мислам дека голем дел од македонската современа поезија не е препознатлива во светски рамки. Тоа е и уметнички, но и институционален пропуст. Македонските поети, особено младите поети се оние кои треба да ја отворат гамата на македонската поетска мисла. За жал, токму заради немањето стратегија за презентирање на поетската мисла и македонските поети, светот не може да стигне до нивните дела. Светскиот поетски паноптикум подразбира длабока социјална и општествена ангажираност. Оушн Вуонг, Аманда Лавлејс, Валжина Морт, Рупи Каур се поети и поетеси кои ја креираат новата мапа на поетската мудрост како што се кај нас Николина Андова Шопова, Лидија Димковска, Андреј Ал-Асади, Јосип Коцев, Ивана Јовановска, Јовица Ивановски, Павлина Атанасова итн. Овие две мапи имаат своја компатибилност во езотеричноста, бруталноста, искреноста, бунтовноста и секако, мудроста. Нивното спојување ќе придонесе во уште едно толкување на вистината кое ни е насушно потребно затоа што како што вели Силвија Плат „„Ги затворам очите и целиот свет замира, ги отворам очите и сè повторно се раѓа“. Тоа ново раѓање е благослов за вечниот живот кон кој поезијата постојано ги пружа своите раце.

 

СО КОЈ ПОЕТ БИ САКАЛЕ ДА ГО ИСПИЕТЕ ПРВОТО УТРИНСКО КАФЕ?

Дефинитивно со Ен Карсон. За да поразговартам со неа за драматиката во нејзините поетски толкувања на Антигона, Тројанкитем за нејзините ингениозни препеви на Орестијата итн. Нејзините стихови се возбудливи, но и застрашувачки. Таа е поетска реинкарнација на Фридрух Шилер, со голема храброст и дефинитивна огромна вистинољубивост.

САШО ОГНЕНОВСКИ-

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија