Xabiso Zanabo Vili – Јужна Африка
(Првиот победник на светскиот поетски слем натпревар)
Whale song – Песната на китот
Кога таа си оди, на колена ќе те доведи.
О, како ќе изгубиш здив.
Никогаш не најдеш мир.
Нити можеш да ги испеглаш рабовите
од чаршафите, кај што последно спиеше.
Барем тука беше, близу. Поблизу само во соништата.
Дури и таму почна полека, да не се појавува.
Ти довлечка прозори и нешта,
секое отворање и затворање, во апартманите
надевајќи се, дека ни дел од неа не ќе замине.
Посакуваш нејзиниот мирис да остане.
Дадеш централно место
на секое парче од облеката
што го чуваш во спалната.
Дури спалната ти станала крипта
што те учи како умираш.
Секој миг што си без неа
е потсетник дека кога ја имаше
не можеше да ја љубиш.
Сега и пишуваш љубовна поезија.
Во форма на хартиени авиончиња и бротчиња.
И ги пушташ по неба и океани
со надеж дека ќе најдат
летечки кит или подводен албатрос
што ќе ја љуби подобро одошто ти некогаш си можел.
Секое утро таа ќе се буди
со море пред нејзината влезна врата.
Китови ќе пеат песни во нејзиниот здив.
А ти ќе се обидеш да заборавиш.
Претворен во статуа
завиткан во нејзините спомени
и ќе ги обожуваш,
зашто…
Кога таа си оди, на колена ќе те доведи.
Превод од англиски: Игор Трпчески

