ИСПРАТИ ГО СВОЈОТ РАКОПИС!

Повик за соработка за сите автори, преведувачи и илустратори

Сите автори, преведувачи и илустратори што сакаат да ја споделат својата креативност со своите идни читатели, пратете ги вашите материјали, предлози или идеи и вклучете се во нашата издавачка програма.

Соработката е активна во текот на целата година и важи за сите книжевни жанрови, вклучително и за прилози за на интернет страната www.fusnota.mk

Сите автори, преведувачи и илустратори, кои понудуваат содржини да се придржуваат до следните упатства:

  • Испраќајте ги вашите текстови, илустрации или идеи во MS Word формат со македонска поддршка (без оглед на јазикот, користете системски фонтови (на пример: Times New Roman, Arial и сл.).
  • Покрај авторските дела, преводите или илустрациите, испратете ги и следните податоци: ваша биографија и ваша библиографска белешка, кусо резиме за предлогот, фотографија од авторот и податоци за авторот (електронска пошта и телефонски број).

Вашите предлози може да ги испратите на следната е-пошта со назнака „Имам идеја“: footnote.association@gmail.com

Во рок од 1 месец од испраќањето на вашите материјали, ќе добиете одговор со мислење од нашиот уредник, како и  за опциите за издавање, доколку сте заинтересирани за понатамошна соработка.

ФУСНОТА – Здружение за развој и едукација на културата и уметноста се стреми да ја зајакне едукацијата на граѓаните за важноста на културата и уметноста, особено на младата популација, со цел подобрување на состојбите на културата и создавање на поквалитетен културен културен живот. Придружете се!

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија