СОБРАНИ ОСТАТОЦИ ОД СВЕТОТ од Пепи Стамков
Главен уредник: Маја Којчева Величкова
Лектура: Елизабета Коневска
Корица: Мите Спасовски
Технички уредник: Мартин Георгиевски
Книгата е објавена со финансиска поддршка од Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија
ГРАМОФОН
Ѕидот ми гребе по грбот,
прави линии полни со ситни заби
што чекаат игла да ги погали,
да испеат мелодија.
Засега, се слуша
дотраено шуштење.
***
Последниот телефонски разговор
одекна погласно
од дишењето во слушалката
на жената што ја викав баба.
Моите баби беа мртви.
Тишината околу таа табу-тема
е поблага од далечината меѓу нас
зашто сепак
дишеш.
ПЕПИ СТАМКОВ (1999) е роден во Скопје, иако поголемиот дел од неговиот живот го поминал во Гевгелија, каде што завршил основно и средно образование. Дипломирал во 2023 година на Катедрата за македонска книжевност и култура, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Пишува поезија, есеи и книжевна критика. Неговите песни се објавени во стихозбирките „Метрички карван“, во електронските списанија „Репер“ и „Елементи“, како и во најстарото македонско книжевно списание „Современот“ (каде, покрај песните, објавил неколку есеи). Коорганизатор е на второто издание на фестивалот „Коронијалс“ во 2022 година. Добитник е на наградата „Блаже Конески“ за есеј на тема „Раскажувачкото мајсторство на Блаже Конески“, како и на наградата „Антев златник“ за стихозбирката „Собрани остатоци од светот“ во 2024 година.