ЉУБИЦА ШОПОВА

ДАЛИ ПОЕТОТ ИМА ПОТРЕБА ОД ТИШИНА И МИР ВО ПРОЦЕСОТ НА ПИШУВАЊЕ НА ПЕСНАТА? ИЛИ ТОКМУ СПРОТИВНОТО?

Би рекла и од двете. Прво треба да се впијат сите звуци и немири, а потоа во тишина да се преточат во стихови.  Има безброј комбинации како тишината и нејзините спротивности се надополнуваат и канализираат.

 

КАКВА ПОЕЗИЈА ДЕНЕС Е ПОТРЕБНА ЗА РЕАЛНОСТА ДА СТАНЕ ПОДОБРА?

Сметам дека е потребен концептуален пристап во поезијата, односно концептуална поезија, ако можам да кажам така. Нешто што ќе поттикне на размислување, но и на дејствување. Потребно е нешто да се креира, нешто автентично, изворно. Обид да се создаде нешто ново наместо слепо следење и прифаќање на трендовите и слевање во толпата.

 

КOJA E СТАПИЦАТА ВО ПОЕЗИЈАТА?

Можеби, навидум леснотијата и спонтаноста. За да дојде до некаква леснотија или спонтаност сепак се потребни повеќеслојни процеси подложни на внатрешни и надворешни борби и влијанија. И тука, треба да се внимава да се остане автентичен, доследен и истовремено приемлив на некој начин.

 

ДАЛИ ПОСТОИ ПОЕТСКО ОГРАНИЧУВАЊЕ?

Не. Задачата на еден поет е токму тоа, да ги поместува границите и да ги преиспитува и надминува ограничувањата.

 

СТИХ ШТО СЕКОГАШ ЌЕ ГО ПАМЕТИШ?

„Првпат се сретнав себеси крај едни урнатини додека врнеше“.

-ЉУБИЦА ШОПОВА-

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија