ЛУЗНИ
Ветерот помина низ твојата коса и моето лице
Беше студен и брз
Ја слушнав трубата
Знак дека битката почнува
Се борев и бев храбар
Кога се соочив со твојот поглед
Не избегав
Се спротиставив на поривот срам
И ги повлеков вистинските потези
За да те освојам
Бевме среќни
Но резултатот на таа борба испадна:
Денес не си тука.
Вредеше ли да се борам за твојата блескава убавина?
Вреди ли да се има храброст да се истапи пред девојка?
Вреди сѐ на светов.
Самите спомени се лузни.
Знам дека некаде ме чека девојка која ќе остане…
Можеби и сега ги чита моите зборови
Но никогаш нема да и раскажувам за лузните – спомени
Бидејќи тие се само меѓу мене и тебе.
Личностите во кои некогаш сме се вљубиле ќе ги сакаме цел живот
Но тие спомени на нив, се само лузни поради кои
Изгледаме подобро и
Другите се вљубуваат во нас.
МЕЃУ НАС
Ти зборувам со очи.
Цели томови книги ти кажувам со насмевка.
Епопеи и песни ти плетам со допир и милување.
Низ музика на гестови со тебе го делам ритамот на
моето срце во твои раце го предавам мојот живот
без резерва те хранам со мојата љубов со методот
уста на уста те заштитувам и чувам како
најскапоцено богатство правам да се чуствуваш
подобро затоа што ти ме тераш да се чуствувам
подобро безуловно те љубам и без љубомора
бидејќи си моја на секој начин
Толку многу љубов чуствувам што мислам
Дека е бесконечна
Љубовта што ја гаиме
Меѓу нас
ЈА СТАВАМ ЉУБОВТА ПРЕД СТРАСТА
Не го правам она на кое
Се навикнати другите
Не буткам со сила
Кога не оди
Не те заведувам
Наеднаш
Ја ставам љубовта
Пред страста
Сакам прво да те спознаам
За да видам
Дека си тоа што навистина го посакувам
Кога видов дека си
Посакав да бев побрз на почетокот
Но тоа беше само момент на страв
Од одбивање
Следниот пат
Кога ќе те видам
Нема да паднам
Повторно ќе ја ставам љубовта
Пред страста
ДВЕ НАСМЕВКИ
Мирно е
Убаво
Сакам да ти
зборувам за тоа
колку те љубам но
молчам
Сакам да
ти речам
Те сакам
Но ако го сторам тоа
Знам дека ќе ме напуштиш
Сакам да ти се препуштам
Но несмеам
Да те плашам со завети
Не смеам да го пореметам мирот
А во мене тлее бура од чувства
Ти се приближувам
Не пријателски
Туку како на љубовница
Те бакнувам
Се разделуваме од бакнежот
Со изрази на лицето кои кажуваат сѐ
Се разделуваме од бакнежот
Со изрази на лицето кои се
Очи во очи
Две насмевки
НЕДОСТИГ НА ЉУБОВ
Што те мачи?
Незнам.
Можам некако да помогнам?
Не.
Што да правам?
Ништо.
Што се случува?
Земјотрес!
Поплава!
Пожар!
Несреќа!
Во твојата душа… а незнаеш зошто.
Некоја неодреденост те јаде од внатре.
А тоа е само недостиг на љубов.
Не оди таму,
Дојди со мене
И ќе ти покажам
Како да искачиш пусти планини
Како да препливаш ширни осамени мориња
Како да се пробиеш низ песочни бури во далечни пустини
Како да прелеташ далечини свеленски ладен вакум меѓу ѕвезди
Во еден миг
Со брзина на мислата
Бидејќи тоа што не чуствуваш е само недостиг на гориво
Недостиг на духовна храна
Недостиг на хемиски вртеж
Недостиг на љубов
РАЗЛИКАТА МЕЃУ СЕКС И ЉУБОВ
Што е она кое е вечно?
Што е она кое е бесконечно?
Што е она што е најпосакувано?
Што е она што е највозвишено?
Што е она кое е најпрекрасно?
Што е она кое е најдуховно?
Што е она кое е совршенство?
Што е она кое е вечната желба?
Што е она кое е немерливо?
Што е она кое е најмоќно?
Што е она кое е највистинито?
Што е она кое е најмудро?
Што е она што е незаборавно?
На ниедно од овие прашања
Не одговара зборот: Секс
Туку зборот: Љубов –тука е разликата!
ДАЛИ УТРЕ ЌЕ МИ ПОКАЖЕШ ПОВЕЌЕ ЉУБОВ?
Не ми се јави
И помислив си ме баталила
А тебе не ти работел телефонот
Ми велиш дека си слободна
И чекаш да направам потег
А мене не ми е моментот
Не ми е атмосферата
Велиш дека сакаш да бидеш
Со мене
И дека го сакаш она кое јас го сакам
Јас се смешкам и те гледам
Ме држиш за рака и се пробиваме низ толпата
А и двајцата сакаме само да бидеме на само
Таа вечер ми покажа љубов
Дали утре ќе ми покажеш повеќе љубов?
ИВАН СТОЈАНОВСКИ е писател, дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност, роден во Скопје. Покрај тоа што го интересираат сите видови на уметности (сликарство, музика, филм) сериозно се посветува на пишувањето од средношколска возраст. Во 2019 година излегува од печат неговиот прв роман „Сенката на Сонцето“. Неговата втора книга е „Драми“, издадена преку ИНАКУ- Институт за Наука Алтернатива Култура и Уметност во 2021 година. А потоа излегува во печат и романот „Превез“ (2022) повторно со „Современост“ во улога на издавачка куќа.
Сите издадени книги се финансирани од Министерство за култура.