БАЈАЧКИТЕ ОБРЕДИ КАКО ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА КУЛТУРА, м-р Ана-Марија Бранѓолица

Предмет на истражување во научниот труд „Бајачките обреди како дел од македонската народна култура“ на м-р Ана-Марија Бранѓолица е феноменот на баењето, како интегрален дел од македонската народна култура, а опсервацијата на баењето како магиски обред вклучува детално истражување на обредните постапки и реквизити што ги применува лицето што бае и што раководи со обредот. Една од клучните цели во истражувањато на Бранѓолица е да покаже дека баењата претставуваат централна сила во исцелувателската улога, каде што баењето како севкупно истражување има своја логика и своја поетика, па оттука произлегува и главната цел на овој исклучителен научен труд на авторката. Токму затоа, научното истражување на Ана-Марија Бранѓолица заслужува посебно внимание во нашата книжевност и во нашиот простор кај читателите, а особено добива свој простор за понатамошна дискусија., вели Душко Крстевски.

Главен уредник на книгата: Драгана Евтимова.
Дизајн на корица изработи: Мите Спасовски.
Компјутерска обработка: Мартин Георгиевски.
Книгата е издание на ФУСНОТА.
Книгата е финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија