БЕРБА НА ДУЊИ, Сабине Гетел

берба на дуњи

до гробиштата за животни кај стариот бедем
рикаат едри вимиња од гранките натежнати
по добри како и по лоши струми
и по исполнување во притискалка за цедење

податливи сме го молземе дрвото
и простираме слама за драгото ни овошје
корпите кога се одвлечени и магацините полни
на земјата останува ровка храна за осите

алчни се како есента! помеѓу
труповите има свежи снопови трева
како исплукнати од зјајка на џин
кој се закашла од слаткото вино

остануваме смирени деновиве
зимата е сè уште далеку жолто месо
рѓосува во тегли и само во сон утешени
заминуваме на друго место

Превод: Верица Тричкoвиќ /Verica Tričković

  Фото: Берт Штребе /Bert Strebe

Сабине Гетел (Sabine Göttel), родена во 1961 година во Хомбург/Сар. Автор, драматург, доцент. Живее во Хановер. Студирала германска и француска литература на Универзитетот во Сар и докторирала на делото на Марилуиз Флајсер (Marieluise Fleißer). Награда за поезија Фелдкирхер 2023 година, награда за поезија Курт Сигел 2022 година од ПЕН Центарот Германија, стипендист на Printemps Poétique Transfrontalier 2019. Поетски збирки:„Grillenliebchen“, Wehrhahn Verlag, Хановер 2023; „Im Gefieder“, 2022 и „Geister“, 2020 – двете објавени во Röhrig Verlag, Ст. Ингберт.

www.sabinegoettel.de
www.litcast.net

 

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија