СИТЕ МОИ ЛИЦА
Мајда Мехиќ
Книгата „Сите мои лица“ е инспирирана од различни психолошки моменти или доживувања на поетесата, а песните се посветени на љубовта, алтруизмот, позитивното размислување за животот и секојдневието, каде што секој може да се пронајде во определен емотивен момент. Песните содржат цитати, а секој цитат формира по една зен слика или мисла пто го продлабочува размислувањето кај читателот. Понекогаш потребно е да прочитаме нешто што ќе стане наш знак или патоказ, а ова е токму таков ракопис.
Книгата е финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Дизајн на корица: Наталија Лукомска