КОНЦЕПТОТ МАГИЧЕН РЕАЛИЗАМ КАКО КУЛТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН
Драгана Евтимова
Концептот магичен реализам како културолошки феномен е анализа на еден необичен термин што започнува да ги поместува границите на реалноста, притоа културниот простор во кој егзистира перманентно се детерминира во скриените пораки на различните форми на изразување. Новиот бран на уметници самоуверено започнуваат да ги изразуваат своите душевни расположенија и револт кон новите случувања, па така формираат нов правец во кој се прави спој помеѓу реалното и имагинарното, а притоа чудата се прифаќаат како дел од реалноста и без дополнителни објаснувања. Така, овој термин зазема голем замав и во книжевноста, а тоа е очигледно преку многубројните примери на литературни дела низ историјата на сите континенти.