ЉУБОВ РАСПОСЛАНА ПО МОРЕТО, Валерио Орлиќ, Хрватска

ЌЕ СЕ СКРИЈАМ ВО ПЕСНАТА

Ќе го отклучам морето, соништата нека пловат
В длабочини модри, бистриот вртлог смирен.
Нека бранови се пенат, нека низ море звуците се ловат,
Љубовните балади што поетот ги свирел.

Ќе затреперат оргуљите ко бранови в пристан,
Месечината на дланка ќе одмора безгрижно,
Во длабочината на душата ќе пловат звуци везден,
В зора сонцето ќе се раѓа небрежно.

Расфрлани ѕвезди во ноќта ќе треперат,
А наутро: сонце, очи, море, а и лице.
Небесните бои ќе ги опсипаат сите птици,
Низ душата огновите на зборовите ќе поминат.

Нека љубовта вечно го слави своето постоење,
Песната нека ја слави благоста на зборот,
Зборот голем тек на поројот,
А поетот, зов и послание.

Ќе го отклучам морето и сонливите очи,
Ќе се скријам во песната, жив збор ќе бидам.
За љубовта не ќе престнам да течам,
Ќе бидам слап што во душата се точи.

 

ЌЕ ПОСТАНЕШ МОЈА ПЕСНА И НЕЈЗИН ЗДИВ

Го допреш ли небото
Ќе станеш најубав облак
На дофат од моите дланки.

Сонливите богови немирни ќе бидат
Додека ти ми зборуваш
За изворите на љубовта.
Го допреш ли морето
Ќе се претвориш во бран
Кој тивко им шепоти на ѕвездите
За поетот сонувач.

Го помирисаш ли цветот
Ќе станеш виолетов Велебит,
Што Сонцето со зората
Го заблеснува со бакнежи.

Ќе постанеш извор на бистра вода
Притока или тек на моите понорници.
Ќе постанеш жив стих,
Ќе постанеш моја песна
И нејзин здив.

 

МАСЛИНА

Во занесот на ветерот, маслината се свила,
Се сплеткале околу дрвото влакна како прсти,
А и густото лисје гранките и ги краси,
Таа столетна маслина во каменот сонувала.

Разиграно море, капка на ветерот испарува
Плодовите се собираат дур сонцето ги грее,
Во далечината орето како да се смее,
Мали, златни, ситни капки се изродуваат.

Нејзината избраздена кожа како усни суви,
Во пукнатината солена капка запнува
Во градите два животи се сопнуваат (?)
И бебзрој ноќи што стануваат глуви.

Мириса смилот, сивиот камен, месечината над Луна
Низ морето малечки кристали танцуваат,
А в зори раната ја засјајуваат,
Златните масленици и овчката волна.

Разигрзните јагниња и сенката на овчарот,
Во кругот се ловат првите зраци сончеви
Маслината се уште сонува, морето тивко тревливи
А ветерот низ гранките свири, свири, свири …

 

ЛИРИ

Тие преубави музи и божествени лири што силно ме допираат
Се простираат звуци во длабочината модра
Како сребрена месечина засјајува на одарот
Тој прекрасен сплет од жици што во заливот свират.

Светеа ѕвездите и на од харфата жиците
Месечината во заливот со се скрила со пламен,
Во морето изворот затрепери сиот зовриен,
Во одразот на морето заискрија очи и преубаво лице.

Убавините твои ги маѓепсаа боите,
Со нишките ја исткаја таа морска тишина,
Влезе ти во аурта и мојата длабина,
Пружајќи ги рацете во венец да се спојат тие.

О, преубава лиро, трепреиш со сонет,
Како прв здив уловен во страста,
Ги врзав соништата, бакнежите и сласта,
За твоите струни распослани со светот.

О, преубава музо, ти во служба на жените,
Во бескракот слуѓам звуци на разиграни луни,
На полна месечина како златна круна,
Танцуваа во боите на вилите и волшепството на жените.

Затрепери лиро и морето го допри, прегрни ги височините,
Твоите ноти нека бидат камче бело во кругот.
Секој трепет од длабочина раѓа божилакот, новиот.
Од внатре, од мојата душа се будат тишините.

 

ВО ПЕСНАТА СИ ЦЕЛАТА ТИ

Во песната си целата ти
На простирката од небото ѕвездите бдееја.
Две сенки во прегратка да бидат сакаа,
Набрзо од небото една ѕвезда долу се сви.

Целото небо ноќе трепереше,
Во желба ги собра два збора.
Со насмевна ти само самуваше,
Трепереа усни како два хора.

Поминува ноќта сребрено гола,
Светлосниот зрак не сака да умре,
Ангелот на работ од небото да свети,
Да лебди низ светлината од ѕвездената кола.

Во песната си целата ти
Што се сретнавме на судбината фала,
Само уште една ѕвезда на небо заблеснала.
И сребрената месечина што низ сјај се коти.

Препев: Сашо Огненовски

       

ВАЛЕРИО ОРЛИЌ има настапувано на голем број фестивали во регионот и пошироко. Тој е добитник и на Мегународната награда „Хомер“ за придонес во европската и светската книжевност – Брисел, 2018. Валерио Орлиќ е почесен претседател на Хрватското книжевно здружение.

 

 

 

 

 

 

 

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија