ВОЗДУХ, Хрвоје Мимица, Хрватска

  1. ВОЗДУХ

Дождот му се додворува на ветрот
еден лист се мази со тревата
земјата танцува на корените
сонцето ја испарува реката
оган ја гори гората
а која ли е фората?

 

2. ВОЗДУХ

Што е главното, што е првото
накаде се распространува дрвото
што е помало, што е поголемо
околу што на нештото да се врти му е дозволено?
Некој нека се сети
како изгледа перо кога в лет е
најтешка му е леснотијата
а најлесна му е тежината
ајде сите на мојот знак!

 

3. ВОЗДУХ

Внатре надвор внатре надвор
проѕирен или таман
внатре надвор внатре надвор
полн или празен
внатре надвор внатре надвор
чист или извалкан
оној кој од него се лиши
веднај ти го избриши
ајде диши.

 

4. ВОЗДУХ

Внатре надвор внатре надвор
проѕирен или таман
внатре надвор внатре надвор
полн или празен
внатре надвор внатре надвор
чист или извалкан
оној кој од него се лиши
веднај ти го избриши
ајде диши.

 

5. ВОЗДУХ

Досега природа, сега малку општество. Општествените тенденции:

Еве, брат, можам ја ко сат можам така за да не срат
така глатко да не е ко да клат да не ме фатат ко за врат
ко да млатат со стап, да не им висам на врат
сакаат да трае до неповрат, ни во широко ни во тесно се кладат
што ли од себе вадат, со пипала свои во лонец ме стават
искачат и се ебават, искачат па се драт
вземно се клат, па взаемно братски си се поздрават
овде секому му е раат ако имаат господар кому ќеиф му прат
ако можат само нека издржат в оган да се испржат
велат можат и да сˈржат, логика не секаде држат
умираат во своја кожа, коњот ˈрже, полжавот е спржен
барем за тоа заедно се држат, и сето ова не дај боже.

Светов одлепува скроз
светот може сешто да понуди
но тие само сакаат да бидат
верници претприемачи
верници претприемачи
… по можност на кокаин.

 

Препев од хрватски на македонски: Елена Пренџова

Хрватскиот слем-шампион и националниот претставник на Европското слем-првенство во Брисел во 2021 година е Хрвоје Мимица, кој настапува под сценските имиња: Ем-си Ѕвездата, Ем-си Дедо, Ем-си Грдиот и Ем-си Глупавиот. Роден е во Загреб во 1967 година. Мимица е тапанар и слемер, татко на две деца.

 

 

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија