ТЕМПЕРАТУРА, под сценското име Тажна Туна, Полска

ТЕМПЕРАТУРА

 

Те Те Те Те
Тететететететететемпературата ми се покачува
„Парацетамолот“ ми ја стиска вилицата како пештерарарарара
Ќе работиме само благодарение на стеснетите крвни садови
благодарение на стеснетите крвни садови
Тететететететететемпературата ми се покачува
Сите сме ѓубриња, господине Инспекторе
Сите сме Христос, господине Директоре
Тетететететелото ми се третретресе
од цедење
од миење
од ебебебење
Тететететететететемпературата ми се покачува
Тететететететететемпературата ми се покачува
Колку, за да останеш жив
Колку, за да се родиш
Колку, за да избегаш
Тететететететететемпературата ми се покачува
TaTaTaTaTaTaTaTaTa
Времето ми го отчукува и чука грбот, паѓам, допирам, проверувам
Времето ми го отчукува и чука грбот, паѓам, допирам, проверувам
Проверувам, дали уште имам
Температура
Проверувам, дали уште имам

Уште

 

Превод од англиски на македонски: Елена Пренџова

Полскиот шампион и национален претставник на Европското слем-првенство во Брисел во 2021 година е слемерот кој настапува под сценското име Тажна Туна (Smutny Tuńczyk). Тажна Туна (1994) е коосновач на сајтот за култура ucztagrudniowa.pl. Го снимил албумот Wszystko będzie dobrze со бендот Willa Kosmos. Работи како професор по полски јазик и аниматор во Фондацијата „КултурАкција“ (KulturAkcja) во Познањ.

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија