БРАВО!
Браво! Велат. Честитки!
Чаша вино во рацете, со восхит.
Како актерка, по настапот, сите ти честитаат…
Браво! Задеваат. Честитки!
Храбра си, заслужно.
И сега си среќна кога… молк!
Потпивнуваат чашка етанол
и здивот им мириса на алкохол.
Раво! Велат. Еститки!
Срамежлива здравица, неизговорена.
Прифати го комплиментот. Мисијата е завршена.
Браво! Велат. Честитаат!
А ти се преиспитуваш кога си го продаваш женственото месо за да не престанеш да се опијануваш.
Во! Велат. Ститки!
Ти требаат неколку линии да ишмркаш за да можеш да поднесеш да ги слушаш.
Но, О! Велат. Ама одлучност! Кажи ни како изледа трезвеноста?
Најтешкото не е да запреш.
21 ден осаменост, алчна утроба, изгребана кожа е времето кое му е потребно на телото да ја отфрли желбата.
Ама во главата ти постојат инакви пукнатини за запушување.
Напуштање, празнина, силувања, тага…
Што, сон?! Каков сон?
Животот е пицаизла во бегство.
Кога, како и јас, претешка е за тебе.
Пиеш за да ја заборавиш. Ама, всушност, не си сигурен дали сеќавањата ти се поматени.
Сеќавања, ги издржуваме, развратни магли.
Веруваш во изнемоштеност за да го прецрташ минатото.
А пиеш за да живееш без да извршиш самоубиство.
За да те убива полека и да преживееш, инстинкт на преживување, преживуваш, да си објасниш себеси дека не си згрешила, се ебеш во цирозата, да не завршиш предозирана, а има и зори и будења, почесто будења, кога помислуваш си успеала во својата смрт кога си ги пресекуваш вените или твоето нарушување.
Никогаш не си морал да се будиш со педофил во мислите.
Не си имал потреба од терапија затоа што силуваш девојчиња во фантазијата за мастурбацијата.
Тоа е единствената поврзаност за која знаеш.
Што трае засекогаш, загарантирано, силувањето е подобро од љубовта.
Љубовта е привремена, силувањето трајно.
Чекориш силувана, размислуваш силувана, зборуваш силувана, јадеш силувана, пееш силувана, вршиш голема нужда силувана, се смееш силувана, свршуваш силувана, како годе можеш. Ако заборавиш сосема дека првиот оргазам ти беше силувањето во детството. Зачини го тоа со ужасната семејна тајна, отсутниот татко, пијаната мајка, секојдневниот расизам, фобијата од ЛГБТ+ и налетуваш на:
Браво! Честитки! Баш си храбра!
Ама, дали си среќна?!
Не. Срозена сум од проклетиов свет што ми го цица животот. И тагувам кога и да најдам мртов комарец во собата. И не сум сигурна од каде доаѓам, не сум сигурна дали воопшто некогаш сум била некаде. Но, ако тоа е живот, среќна никогаш нема да бидам, но не грижи се. Ќе си направам јас своја тегличка среќа со многу пријател(к)и, фини луѓенца. И ќе ја јадам додека да станам лигава. Да речеме, „Внимателно со неа! Обожава фрикови, истетовирани по целото тело, надувани и напиени, кои се тетерават и треперат…
Ќе продолжам да бидам трезна. За да не речат „Оваа, дрогирашкава, не ме ни чуди“!
Продолжувам да живеам со силувачот во главата кој манијачи девојчиња бидејќи жената во мене е загрижена. Оти сме само зрнце прашина во универзумот, заебано кратковечни. Епа, ајде да се бориме, за почитта на сите: видовите, расите, половите, родовите, елементите. За секоја жива согласнот да биде убиена, изедена, испиена, гледана, прифатена, прегрната, допрена, сакана, сакана, сакана, сакана, сакана, сакана, сакана, сакана, сакана… спонтано.
Препев од англиски на македонски: Елена Пренџова
MAРИ ДАРА (Marie Darah) е белгиската национална победничка во слем-поезија за 2021 година и европската победничка за истата година. Живее во Брисел, а во својата активистичка слем-поезија пишува за темите на општествената рамноправност и инклузивност.