ФОНТАЗИЧЕН РАКОПИС, Горазд Кени

ФОНТАЗИЧЕН РАКОПИС

Децата што не се плашеа од Баба Рога
пораснаа во вештери…
Не знам кому се молам? Дали на бога или себеси?

Што правам бе јас?
Во себе заседнат, а ми се излегува…
Духовен карантин?

Хаслам проекци
емигрираци низ невидливи граници,
каде нема пасоши, полициски часови, закони
само за атракции,
фонтазичен ракопис пишува магични страници
странци во непознати галаксии
комунуцираат со вибрации,
што ќе ти се зборови, гласови?
Спирит збори јазици малце помалце истражени,
невини апстракни, капат капки бои пластенин
искали ги во калапи најчисти

како молења мајчини.

Децата што не се плашеа од Баба Рога
пораснаа во вештери…
Не знам кому се молам? Дали на бога или себеси?
Навистина… на кого се молам?
Ќе ми каже некој? Ве молам….

 

JEHOVAH WEEDNESSES

Ти доаѓаат Jehovah Weednesses на врата,
ти пуштаат Snoop Dog на бумбокс,
вадат фиљан, вадат уште фиљан, им викаш
„пер, кај ме најдовте не пушам јас од сабајле идете во комшии кај баба Ратка“.
Баба Ратка weedовита па и спремила колачиња, им го гаси бумбоксот
пошто Snoop ѝ бил многу мек,
рока Rage Against The Machine до даска,
почиња бенга, уво не ѝ чуе. Башка не гледа вести. Фина комшика.
Некогаш знае да претера со музиката.

 

ГОРАЗД КЕНИ е македонскиот национален победник во слем-поезија за 2021 година. Кени ѝ е познат на македонската јавност по својот поетски перформанс на изведување и читање поезија во автобус на ЈСП во почетокот на годинава, како и по мултидимензионалниот перформанс посветен на Скопје (поезија придружена со пијано и изложба на мурали) во соработка со Филип Димишковски и Андреј Павлов – „Градот убав“, што се одржа во Музејот на современата уметност во рамките на „Белата ноќ“ во 2020 година. Горазд Кени Китановски е роден во Скопје и сè уште твори во Скопје. Пацифист кој го сака светот и луѓето во него. Не поседува никакви дипломи (дури и таа од средно не знае каде му е).

 

 

 

 

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија