ГИ ЗАТВОРАШ СВОИТЕ ОЧИ, Иван Добник, Словенија

Излезе од печат поетската книга „Ги затвораш своите очи“ од словенечкиот автор Иван Добник. Преводот од словенечки на македонски јазик е на Драгана Евтимова. Дизајн на корица: Мартин Георгиевски.

ИВАН ДОБНИК е роден во 1960 година во Цеље, Словенија. Поет, преведувач, уредник, есеист и критичар. Дипломирал на филозофија со компаративна книжевност на Универзитетот во Љубљана. Од 1988 до 1995 година бил вработен во Библиотеката „Бежиград“. Уредник е на списанието „Апокалипса“, како и главен и одговорен уредник на литературното списание „Поетикон“ од 2005 година до денес. Основач е на книжевниот кружок „Куќа на поезијата“ во 2006 година и до денес организира активности со поети од цел свет. За поетската книга „Ги затвораш своите очи“ е новиниран за престижната поетска награда „Вероника“ во 2004 година. Има учествувано на бројни фестивали во регионот и светот. Неговата поезија е препеана на српски, хрватски, германски, македонски, полски, чешки, италијански, англиски, бугарски, белоруски, словачки, француски и романски. Има напишано на 15 поетски збирки. Живее и твори во Словенија.

Поетската книга на Иван Добник „Ги затвораш своите очи“ содржи 45 песни. Песните го стимулираат животот меѓу двајца вљубени личности, со многу експлозивни описи се објаснуваат нивните емоции и доживувања, па на тој начин поезијата на Иван Добник нуди потпрашања на секое можно поставено прашање. Да се разбере и тоа што е сокриено, да се навлезе во суштината на создавањето емоции и да се отворат нови порти на анализирање на самиот поим љубов. Иван Добник е прониклив, луциден, навидум смирен, но кога ја читате неговата поезија ја бранува нашата свест, се запрашувате како може да се сака толку хармонично, а истовремено и силно!

Добник експериментира со стиховите вели дека не се работи за инспирација, туку за истражување и себепронаоѓање. Истражувајќи, пишува стихови, пишувајќи стихови – патува, истражува различни култури и пишува стихови.

Поетската книга „Ги затвораш своите очи“ од словенечкиот поет Иван Добник е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија на Годишниотконкурс за финансирање на проекти од национален интерес од културата од 2022 година.

  

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија