ПРЕОБРАЗБА, Андреас Незер, Швајцарија

ПРЕОБРАЗБА

 

Пред првиот удар светлина
пустина сум и
безимено
нанесувам дини кон работ
длабоко под покривка.

Лесен терен
минирано подрачје
од четири ипол до после седум
се мрешкам, движам тромо
под налетите на сопствениот ветер.

И успеам ли некојпат налето
да пронајдам
сигурна положба
го тресам уморно
од кошулата песокот.

 

Од збирката песни Andreas Neeser: Wie halten Fische die Luft an, Haymon Verlag, Инсбрук 2015
Превод од германски: Верица Тричковиќ

 

           АНДРЕАС НЕЗЕР (Andreas Neeser), роден 1964 година, студирал германски и англиски јазик и книжевна критика на Универзитетот во Цирих. Основувач на Aargauer Literaturhaus во Ленцбург и воедно директор од 2003 до 2011. Најнови публикации: Wie wir gehen, roman, Haymon Verlag, Инсбрук 2020; Alpefisch, наречје-роман, Zytglogge Verlag, Базел 2020; Wie halten Fische die Luft an, поезија, Haymon Verlag, Инсбрук 2015; Zwischen zwei Wassern,роман , Haymon Verlag, Инсбрук 2014; Fliegen, bis es schneit, роман, Haymon Verlag, Инсбрук 2012. Награди: Feldkircher Lyrikpreis 2009; Lyrikempfehlung der Deutschen Akademie für Sprache und Dichtung 2016 за збирката на поезија Wie halten Fische die Luft an. Андреас Незер живее во Сур во близина на Арау/Швајцарија.

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија