ДВАЈЦА ЉУБОВНИЦИ
Двајцата љубовници
Темнината и ѕвездите
Големите љубовници на универзумот
Темнината и ѕвездите
Двајцата љубовници
Слушаат музика
Големите љубовници на универзумот
Темнината и ѕвездите
Двајцата љубовници
Ѕвездата не може да свети без темнина
Темнината не е видлива без sвезди
Голем љубовник на универзумот
Темнината и ѕвездите
Двајцата љубовници
Темна насмевка на ѕвездите
Ѕвездена насмевка во темнината
Голем љубовник на универзумот
Темнина и ѕвезда
ТИ СИ СЛИКАРОТ
Доаѓа дете
Во универзумот
Да живее и да умре
Да
Ти си сликар
Земјата е твое платно
Сликај што ќе посакаш
Да
Ти си сликарот
Зелени дрвја
И почва
Измешани и насликани
Да
Ти си сликар
Смртта
Е вистина
Доаѓа дете
Во универзумот
Живее и ќе умре
Да
Ти си сликарот
Сликањето не умира
Боите на природата
Никогаш не умираат
Боите на љубовта
Никогаш не умираат
Доаѓа дете
Да живее и да умре
Да
Ти си сликарот
ТАЈНА
Самиот живот е тајна
Од каде доаѓаме
Каде сме
Каде ќе одиме
Погледни го нашиот ум
Милиони мисли
Од каде доаѓаат
Каде одат
Погледни ја секоја секунда,
Секој момент
Секој удар на срцето
Е чудо
Нашиот живот
Чека
Да биде откриен
Од каде доаѓа
И
Каде оди
ДИВАШ ГИМИРЕ е роден 14 декември 1988 година во Непал. Тој е претприемач, поет, писател, социјален активист и едукатор. Неговите дедо и татко се преселуваат од Бурма во Непал во 70-тите години на минатиот век. Неговиот дедо бил социјален активист во Бурма и Непал, а неговиот татко учител и социјален активист кој подоцна основал приватно училиште во Баратпур. Неговото образование го стекнува најпрво во Непал, додека високо образование завршува во Англија и Индија.