ВАВИЛОНСКА БИБЛИОТЕКА, 1 ТОМ, ПОЕЗИЈА, ЦРНА ГОРА

„Вавилонска библиотека“ е зборник поезија на автори од Балканот

„Вавилонска библиотека“ е онлајн иницијатива и платформа за промовирање на светската поезија, но пред сè поезија на автори од Балканот, а во првиот том од нивната колекција се застапени и поети од Македонија.

Главен уредник на ова прво издание е поетесата Катарина Сариќ од Црна Гора, а оваа колекција е составена од два дела: Поетски портрети и Омажи и ќе биде објавена на сајтот на Независна Академија. Меѓу поетските портрети на околу 80 автори, од Македонија ги има и поезијата на Митко Гогов, Сузана Мицева, Сашо Огненовски, Драгана Евтимова, Марина Икономова Шокева, Диме Данов и Даниела Андоновска-Трајковска, додека пак во омажите е претставена Снежана Стојчевска.

Исклучително шаренолика и квалитетна листа на поети, кои се активни и ја чинат балканската поетска сцена, а како што најави уредничката, следуваат и нови изданија во иднина. „Вавилонска библиотека“ ќе продолжи со својата примарна мисија, а тоа е да ја направи поезијата што подостапна за заинтересираните читатели.

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија