АПРИЛ, Хакија Кариќ, БиХ

ДЕНЕС, ТИ И ЈАС

Денес моето око
Зад тебе плаче
Спомените минати
Навираат, печат

Срцето чука
Сѐ посилно и посилно
По лицето врели
Солзи течат

 

***

Низ далечината сиви
Мисли пловат
Сето мое денес
Ита кон Тебе

Гласот Твој го слушам
Како ме повикува
Под недрата мои
Во соптвена закрила

 

ТАТКОВИТЕ РАЦЕ

Изминати години
Грижи и стравови
Тој ним
Не израсна
Нејаките

Се носеа товари
На тело и во душа
Тие трепереа
Се издржаa

Татковите раце
Нашите кровови
Не штитеа од
дожд, тага
и туѓи погледи

Татковите раце
Нескршливи
Темел на нашите
Конструкции

 

ПУСТИ КУЌИ

Во зима
од оџаците вити
димот полека се виеше
Куќите беа полни со деца;
радости, викотници и веселби
И секој својот сон го сонуваше

А тогаш дојдоа
години тешки
Се навали стушеност
безнадежност и тага
Тргнаа многу
на далечен па
Син остави татко и мајка
Другар остави другар

Од сѐ само
останаа куќите
како трага дека и тука
некогаш животот цветал
Многумина во туѓина
подигнаа гнезда
секој за себе
како умее и знае

Празните куќи
ги чекаат нив
и само Бог знае
колку кутрите
за нив патат
Како времето одминува
желбата е сѐ поголема
Дека во своите
куќи ќе се вратат

 

АПРИЛ

Секој месец во годината
има свој шарм,
но април е баш
приказна за себе.
Во април се раѓаат
пупки и цветови
најповикливи се тогаш песните
од славејчињата и од снегот.

Секој месец од годината
вреди да се спомне
секој месец, има своја приказна,
Божјо чудо е тоа.
Но, мене како април
Не ми е ниту еден друг месец
Април го обожавам
и лудо се заљубувам

Хакија Кариќ, превод од босански јазик: Драгана Евтимова

             ХАКИЈА КАРИЌ е роден е во 1966 година во Паланка (Брчко). Тој е дипломиран психолог. Досега има објавено девет книги, од кои пет се збирки поезија за возрасни, и збирка поезија за деца, како и збирка раскази и монографија за неговото родно место. Неговата поезија е преведена на: германски, албански, полски, дански, англиски, ерменски и македонски. Покрај поезија и проза, тој пишува и драмски текстови, рецензии и книжевна критика. Преведува од германски и македонски. Тој е член на Здружението на новинари на БиХ (од 2007 година), на Здружението на писатели на БиХ (од 2012 година).

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија