A ТОА Е БАШ ДОСТА
Пчелите ги веселат другите.
Орфеј ги ослободува од неговото ослабено тело,
кое повеќе го нема,
за телото, кое повеќе го нема,
кое ѝ е дадено,
дадено на Евридика;
која веќе не може да го земе.
Двајцата се растураат во рој пчели,
во нивното зуење се слушаат само имиња:
Орфеј, Евридика.
Зу-зу.
Гниење на имињата само:
Орфридика, Еврифеј.
Зу-зу.
Сè, што остана од нив,
е зу-зу.
A тоа е баш доста
Олга Мартинова
Превод од германски: Верица Тричковиќ
(Од циклусот Im Summen der Bienen, Neue Rundschau 4/2019)
ОЛГА МАРТИНОВА (Olga Martynova), родена 1962. кај Краснојарск, Сибир, се пресели 1991. заедно са Олег Јурјев (1959–2018) за Германија, живее во Франкфурт на Мајна. Најнови поетски збирки: Brief an die Zypressen (2001), In der Zugluft Europas (2009) и Von Tschwirik und Tschwirka (2012), како и романи Sogar Papageien überleben uns (2010), Mörikes Schlüsselbein (2013) и Der Engelherd (2016), и збирка на есеи Über die Dummheit der Stunde (2018). 2012. ја доби наградата „Ингеборг Бахман“; 2018. међународната награда „Бранко Радичевиќ“.