Една
Аморозност зад аголот сврти;
На плоштадот правоаголник,
Многу подолг но широк, и топка.
Погледот се вапсува благо светло сив
Ден како пекарница …
Една
Анимозност зад аголот сврти;
Мудри погачи гризеа долго
Покрај низанки од куќи
Текстура во двор приредува прием
Од столици на расклопување чкрипење на креда …
Една
Аморозност зад аголот сврти;
Прошета по баланс плочи, низ камена каша
Пукнат котелец полн гледање
Ѕвонче од велосипед најавува молитва
По чардаци свиткана …
Еден лак стрелна сред една порозност
Откај што лазеа бубалки …
Даниел Јурјев
Превод од германски: Верица Тричковиќ
(Manuskripte 222/2018, Грац, Австрија)
ДАНИЕЛ ЈУРЈЕВ/DANIEL JURJEW е роден 1988 година во Ленинград, 1990 година се преселил со своите родители во Германија. Студирал германска литература, филозофија и историја на универзитетот во Констанц, потоа биофизика, јапонологија, синологија и информатика на универзитетот во Франкфурт на Мајна, каде што 2016 година дипломирал јапонологија и синологија. Моментално e na постдипломски студии на јапонологија и информатика на универзитетот во Франкфурт на Мајна. Oд 2012 година работи како литературен преведувач, поет и новинар. Неговиот превод на романот „Die Manon Lescaut von Turdej“ од Всеволод Петров ја освои 2013 година наградата на независните издавачи во Германија. Јурјев е финалист на open mike 2020.