стаклена река
стоиме под борови пред чешмата од ѕидот
белиот сад за вода напукнат
самрак ни капе на раменици
одзади
мемла и златни нè загрнуваат смоли
мијат бедра гол срам
на тврда крпа склопена во превои поседнале
роеви
гo рендаме сапунот во тишина ситно
наежени капеме пена
мрави крстарат стопалата
ни горат
(Керстин Бекер, од збирката песни „Ѕверско млеко“, edition AZUR, Дрезден 2016)
Превод од германски: Верица Тричковиќ
@dirkskiba КЕРСТИН БЕКЕР, роденa 1969 година во Мосхајм, живее во Дрезден. Збирки поезија Fasernackte Verse (Verlag Horlemann, Мердинген 2012) i Biestmilch (Edition AZUR, Дрезден 2016).