ПРВА ПЕСНА, Фолкер Зилаф, Германија

ПРВА ПЕСНА

Ох наточи ме Ох немој да свиснеш од жед
Дури кога чашата не е чаша јас сум заминат често
Дури кога себе како твоја кожа во огледало ќе се видам
И како твое тело низ огледала ќе си идам
Дури кога и покрај предупреда по тебе ќе се свртам
Фидан Што ми се темнеше ќе стане светло место

(Фолкер Зилаф (Volker Sielaff), од збирката песни Glossar des Prinzen, Luxbooks, Christian Lux Verlag, Визбаден 2015/16)

Фолкер Зилаф
Превод од германски: Верица Тричковиќ

                ФОЛКЕР ЗИЛАФ (Volker Sielaff), роден 1966. во Гросрерсдорф, живее во Дрезден. Најнови поетски збирки: Selbstporträt mit Zwerg (2011), Glossar des Prinzen (2015) и Barfuß vor Penelope (2020), како и лирски дневник Überall Welt (2017). Во 2015 прими почесен подарок од германската фондација Шилер.

 

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија