КАДЕ ТРГНАВМЕ
Ноќната опашка
стана гнездо на глувците
утринскиот лист
предвремено се отвори
Каде е сега?!
ЛЕГЕНДИТЕ
Легендите што ги создадоа
јунаците на Големото време
со едно движење на тревата
одеднаш сами се вознемируваат
НИШТО НЕ ОСТАНУВА БЕЗ НЕГАТИВ
Немој да се залажуваш дека
си ги измил рацете
или дека животот си го закачил
на гранките на иднината
а дека никој не те забележал
и најситното нешто
остава анатомски траги
чувај се од измамничката игра
да не те повлече на орото
секоја грешка се простува
но животниот испит, никогаш
слушај добро
ништо не останува без негатив
слушај добро
ИЗМАМА
Сиот живот
трага по светот
како
по самовилата на светот
Никогаш
не успеа да се венча
Почина уморен
без име
без трага
ИДИОТСКО ТРОПАЊЕ
Кога убијците
плачат по тебе
a ти им се
заблагодаруваш
каков идиотски
заклучок
е на повидок?
АНТОНИМИСКА УМЕТНОСТ
Спикери
Зборувајте
ве разбираме
многу лесно ја научивме
уметноста
антонимиското прашање
одамна го исцрпивме
Спикери
Зборувајте
независно од нас
со антонимиската уметност
ние се имаме венчано
КОШМАРОТ НА ВРАЌАЊЕТО
кога патуваш
не прашувај
кога ќе се вратиш
доволно е
утрото да го престигнеш
во неговата роса
да го испереш
кошмарот на враќањето
Шаип Емерлаху
Препев: Ремзи Салиху