ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ, Перица Сарџоски

POETRY SLAM MACEDONIA е неформална трупа слемерки и слемери кои активно ги промовираат слем-поезијата, слем-натпреварите и слем-активизмот во Македонија. Поетри-слем тимот на Македонија секоја година го соорганизираат традиционалниот Национален слем-натпревар во Прилеп. Поетри-слем тимот го сочинуваат: Елена Пренџова, Игор Трпчески, Перо Сарџоски и Цветанка Колева.

 

ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ

хуманистичко размислување
иновациски фондови
наука над религија
религиска толеранција
религиска игноранција
религиска доминација
горда историја
крвава историја
фабрикувана историја
скриена историја
планетата спасена
луѓето поробени

Европски вредности.
Европски вредности?!

рационалност
практични решенија
граници прекроени
луѓе раселени
земји уништени
бегалците згрижени
перење на пари
перење на мозок
пандемија
ПЛАНдемија
заговори и измами
скамови и скандали
пари за луксуз
само за елитите

Европски вредности.
Европски вредности?!

секуларност
демо-христијанство
исламски радикализам
во бога веруваат
во ѓаволот инвестираат
напаѓај на социјални мрежи
моли се за обесправените
сподели дека ти е гајле
и продолжи понатака – кому му е гајле!
стави маска
ах… токсично чувство на слобода
сите сме во калта
но некои се конектирани
крстови на врв-ридје
полумесечини на бајраци
му пркосат на Бога
во име на Бога

Европски вредности.
Европски вредности?!

владеење на правото
или право на владетелите
чудни ракувања
лажни известувања
медиумска контрола
политички коректен говор на омраза
владата е секогаш во право!
интеграција
деградација
сменете го знамето
сменете го името
смени ги правилата
свиткај си ја раката
скрши си ја кичмата
и испрај се стамено
љубов за моќ
љубов за пари
гази по човечки животи
искачи се на скалилото
трка по богатства
изгубенае милоста

Европски вредности.
Европски вредности?!

лулко на демократијата
тажна реликвијо со напуштена вредност
од гробови крената
од мртвите воскресната
од романтичарски сон стори
демоНкратски кошмар
окупирана земја
поделена земја
опресија агресија асимилација
сменете им ги имињата
сменете им ги топонимите
етикеријате ги со синоними
само не со нивното ИМЕ
тоа срамотно ИМЕ
каков зијан
каков зијан
скриена археологија
тајна симбологија
прогресивна идеологија
оркестрирана револуција
селективна правда
селективни бенефити
нееднакви можности
во име на демократијата
и заедничката иднина
со нашите „љубени“ силувачи –
како ли да им одолееме?!

Европски вредности.
Европски вредности?!

човекови права
малцински права
ЛГБТ права
сите се во право
сите се од древнина
само некои се од Марс
славофони домородци
со носии од злато срмени
на лика лични убави
мажите на Македон
со марами алови
се конечно слободни
да закопаат древни секири
со своите „љубени“ соседи
и конечно да ги снема
од лицето на Земјата
човекови права
жими мајка!
домашен непотизам
меѓународен дефетизам
во име на напредокот
ние одиме назад
до нашите безлични сопства
уште еден чекор поблиску
до сервилна послушност
на нивните алчни богови

Европски вредности.
Европски вредности?!

И пак, Европа гордо го носи Партенон
како најскапоцен камен на нејзиниот трон!

Перица Сарџоски

  ПЕРИЦА САРЏОСКИ дипломирал на Филолошкиот факултет на Катедрата за Англиски јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Сарџоски е основач на училиштето за англиски јазик „Пегасус ЕЛС“. Објавени дела: Карпа жива (2005) – поема; Цветниот пат (2006) – патеписен роман, во кој може да се проследи езотерично доживување на двајца талкачи низ „мултидимензионалната душа на Македонија“, преку посета на неколку значајни локалитети во земјава (Кокино, Куклици, Лесново, Берово и Вељуса). Перица Сарџоски е и книжевен преведувач, а меѓу позначајните книжевни дела кои ги има преведувано од македонски на англиски јазик се збирката критички есеи со наслов По трагите на смислата и убавината од Милан Ѓурчинов и збирката поезија Раѓањето на зборот од Ацо Шопов.

Во неговата слем-најава стои: Поет, писател, преведувач, професор по англиски јазик, истражувач на скриени предели, трагач по заборавени вистини, но човек пред сѐ.

 

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија