СЕНКИТЕ ВО СОНОТ, Зоран Радически

***
На мостот
Броевме ѕвезди
Сега е рушен

***
Среќа
На парче железо
Потковица

***
Срцето не
Престанува да ме
Радува…

***
Осмели се
Да дознаеш како
Растреперувам?

***
Насмевни се!
Пеам на босански
Една чалгија.

***
Куче и маче
Во силна прегратка
Почина стопанот

***
Развиорени души
На тревата гушнати,
Не сме ти и јас.

***
Дождецот ја
Разигрува ноќта
Аквариум

Зоран Радически

      ЗОРАН РАДИЧЕСКИ е книжевен преведувач, поет, лингвист и полиглот. Роден е во 1985 година во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Катедрата за превод и толкување и на Катедрата за јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Зоран главно преведува поезија и кратка проза од германски, англиски, африкаанс, холандски, шпански француски, италијански, руски и други јужнословенски јазици на македонски јазик и обратно. Има преведено повеќе збирки и песни од различни домашни и странски поети. Зоран пишува хаику и класична поезија. Учествувал како поет на повеќе книжевни фестивали и е застапен во неколку антологии. Досега има објаевно една хаику збирка на македонски јазик „Сенките во сонот“. Зоран е редовен преведувач и толкувач на фестивалот Струшки Вечери на Поезијата, а исто така е ангажиран за платформата Версополис. 

 

 

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија