ПОТЕЗИ, Славица Урумова Марковска

ПОТЕЗИ

***
Поразен во моментот
Фалсификуван со нејзините меки бакнежи
Во тензија: пуштен сум на слобода.

***
Таа се бори во бранови
Како што нејзината свилена кожа се штрекнува
Нејзиниот здив остава белег.

***
Мојот пулс забрзува сега
Со врвот на мојот прст;
Кој исцртува шега.

***
Монистра на сладок мирис нанижувам
Во такви меки бавни потези
Ги чувствувам морниците на мојот јазик.

***
Во нашите диви движења
Ние сме изгубени во нашите меки потези:
Чекорите и покретите доаѓаат заедно.

 

СОГОЛЕНА

Ги затворам очите
и дозволувам под твоите раце
да се сронам како леб.
Лебдам над креветот
како воздушна честичка.
Во заемен восхит
со нескротливи насмевки,
невини допири и бакнежи,
ти допуштам да ме љубиш!
одека лежам крај тебе
така соголена од глава до петици,
се чувствувам како убава жена
која секогаш одново
ти го дава своето невино срце.
Внесувајќи те во својата тајна
му давам секогаш нова страст
на своето тело…
Те љубам!…
Ме љубиш!…

 

ТЕКСТ ОТКИНАТ ОД ДУША

Насмевка
Допир
бакнеж
дарување
прифаќање
Недоразбирање
лицемерие
збогум
солза
страв
крај

Славица Урумова Марковска

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија