Кус осврт кон поезијата на Снежана Стојчевска

Кус осврт кон поезијата на Снежана Стојчевска

Поетскиот метод на чии принципи е втемелена редукција од облиците на чистата имагинација во формите на нон-фикцијата, како лепењето на плакатите во фоаеите, во футуристичката визија на поезијата на Снежана Стојчевска, тропа на вратата „на замокот, кафкијансиот лабиринт, галеријата“, измолкнувајќи низ бесконечно апсурдни „процеси“, додека паралелно ги прекршува предметите од нашата кетдневна употреба – шолја, еурокрем, млеко, крвавите прсти на балерината, болничките кревети – низ призмата на „филозофијата на малите ствари“ на Франческа Риготи, истовремено одземајќи им  нивната наменско-потрошувачка, употребна целисходност со цел да ги обезличиме од артифицијелноста и набљудуваме одблиску, па да ги допреме, мириснеме, сослушаме, вкусиме. Феноменолошкиот приод кон светот на домашните работи, како и малите, скромни предмети што го исполнуваат, се збогатува всушност низ матафорите кои  не гонат подалеку од појавното и ни нудат привилегирана патека за разбирање на тоа што не опкружува. Филозофското набљудување на најбаналните нивои на човечкото делување, на рутинските движења усмерени кон самоодржување: готвење и хранење, шиење, перење, танцување, треба да не доведе до убедување дека предметите од нашето домашното опкружување, со кои сме најчесто и временски најдолго во контакт, всушност, се нашите најнепосредните учители за Добро, Убаво и Вистинито, толку важни за формирањето на спознајните, моралните и есетските ставови.

Катарина Сариќ
Превод од српски на македонски јазик Сеида Бегановиќ

 

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија