МИТОМАНСКА
Извини, те заменив со Него.
/Не сакав/
Случајно, таа ноќ имаше млада месечена
која штотуку се пораѓаше од плацентатата на облаците
како крвав живот од матката,
нов лист се сврте од некоја романтична страница во мојата глава.
Нестрпливо го фрлив бисерот од баба ми зад рамото,
миразот за оној кого го чекам:
Здравје, ќе даде Господ да се сретнеме.
Го крстив по тебе
/И тогаш од друг агол те забележав/:
ЗА ТЕБЕ ГО ДАВАМ И ПОСЛЕДНИОТ ГРОШ
Ноншалантно стоеше потпрен на оној мост од времето на Наполеон,
приклeштен помеѓу двете нови, грди трикатници,
Импреријата на новоградби изникна не водејќи сметка за урнатините… за заштита на спомениците
Извини, не те слушав, во ушите ми ѕвечкаа дробни кибритчиња од џебовите
некои фриволни трансформации со прикачена слика на реверите
Се слизнав на таа метаморфоза како низ пукнатина во времето „како во некој лесен сон да бев изложена“,
Како да ги читам посланијата на Јелена до Никодим…
Ти си моја мала девојка Мој живот.
Колку чини неговиот останување со тебе?
Колку чини оваа ноќ?
Што велиш за размена, за бисерите од мојата баба?
Милион облеки под фустанот на Гучи од фриволни измами:
МЕНУВАМ СТАРО ЗА НОВО
Извини, те заменив со Него.
Не требаше.
Твојот тропот од кибритчиња со звуци на трубадури… оној кого го чекам… со векови…
во џеповите под прашестиот капут е скриено од злато… јаболко.
Се потурив со шеќер по главата, за животот сладок нѝ биде.
Го префрлив јаболкото преку кровот дo митски далечини… низ алката од витешките турнири.
/Не требаше да ја повикувам судбината/.
Извини, заменив една бајка со друга:
Од збирката: „Настaнување на жената – Од девојка до жена“
Препев: Драгана Евтимова