Промоција на Светскиот ден на поезијата во соработка со УНЕСКО
Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО, го најавуваат конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2021 за најдобра дебитантска книга од млад автор.
Наградата „Мостови на Струга“ беше востановена во 2003 година, како дел од опсежната соработка со УНЕСКО, а по повод прославата на Светскиот ден на поезијата – 21 март, со цел да се стимулира, промовира и афирмира поетското творештво како еден од најзначајните креативни изрази на човештвото. Секоја година, СВП и УНЕСКО заеднички го чествуваат овој ден, при што официјално се соопштуваат и промовираат добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“.
Досегашни добитници на наградата биле: Ангело В. Суарез (Филипини) 2004, Андреа Коте (Колумбија ) 2005, Маријана Гејде (Руска Федерација) 2006, Мануа Риме (Белгија) 2007, Антонија Новаковиќ (Хрватска) 2008, Усман Сарус (Сенегал) 2009, Сим Кера (Естонија) 2010, Хироши Таниучи (Јапонија) 2011, Франсоа-Ксавиер Мегр (Франција) 2012, Николина Андова Шопова (Македонија) 2013, Хари Ман (Велика Британија) 2014, Паула Бозалонго (Шпанија) 2015, Руна Светликова (Белгија) 2016, Горан Чолакхоџиќ (Хрватска) 2017, Паули Тапио (Финска) 2018, Моника Херцег (Хрватска) 2019 и Мартина Стракова (Словачка) 2020.
Конкурсот трае до 1 март 2021, до кога сите книги и пријави треба да пристигнат на поштенската адреса на Струшките вечери на поезијата, или во електронска форма, според условите наведени подолу.
Услови за учество на конкурсот за наградата:
- Дебитантски книги на млади поети (под 35 години);
- Кандидатите треба да испратат 3 копии од книгата со која конкурираат на конкурсот, како и најмалку 5 песни од истата книга преведени на англиски јазик на поштенската адреса на Струшки вечери на поезијата (поштенски фах 109, 6330 Струга, Република Северна Македонија) или преку Националните комисии за УНЕСКО на државите членки. Крајниот рок за пристигнување на книгите на адресата на СВП е 1 март 2021. Апликацијата треба да се поднесе и во електронска верзија на веб-адресите на СВП: struga@svp.org.mk и spefestival@gmail.com. Исто така, кандидатите треба да го испратат ISBN бројот заедно со 3 книги во печатена форма.
- Националните комисии за УНЕСКО се поканети да ги примат апликациите и за тоа да ги информираат Струшките вечери на поезијата;
- Наградата вклучува статуетка, паричен износ и објавување на книга на поетот –лауреат во превод на македонски јазик;
- Лауреатот ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март 2021;
- Поетот–лауреат ќе биде поканет да учествува на изданието на „Струшките вечери на поезијата“ во Струга истата година, кон крајот на август 2021, каде и ќе им биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови“.
Струшки вечери на поезијата и УНЕСКО
Конкурсот е достапен и на следните линкови: НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК и АНГЛИСКИ ЈАЗИК.
Струшки вечери на поезијата
Браќа Миладиновци 5
Поштенски фах 109
6330 Струга
Република Македонија
Тел +389 46 786 270
struga@svp.org.mk
www.svp. org.mk