ТВОЕТО ОТСУСТВО,
Шагдар Лхамноржмаа

Во отсуство твое, ноќта ја минувам со вжештени уши.
Љубовта моја те следи и со тебе е ноќва.
Сонот што го повикувам никако да дојде,
само твојот лик ноќеска сонот ми го полни.
Во молитвен обред љубовта мирува.
Пецкањето на брадавиците е како писок на дете.
Чекањето ќе престане кога ќе осамне раното утро.
Во твое отсуство богот на огнот осамен е денес.
Долгата ноќ одминува бавно како да е врзана со јаже.
Осаменички, ноќта протекува низ нишките на времето,
Неродениот син тукушто се јави со плач во утробата.

 

Шагдар Лхамноржмаа

Превод од монголски јазик: Леетив (Литов) Намдагжанчивин

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија