СОНЦЕТО ДА БЕШЕ МЕСЕЧИНА,
Владимир Лукаш

сонцето да беше месечина
ќе стоевме на песочната плажа
чекајќи да нè проголта завидливата осека
и кучињата ќе цивкаа со стопен пладневен виеж.

Сонцето да беше месечина
немаше да си ги видиме белите очи во темнината
како трепкаат морзеови додворувања
и духовите на минатите страсти
ќе останеа без тивка воздишка.

Сонцето да беше месечина
и кошмарите ќе патеа од несоница,
а нашите подочници ќе се бакнуваа
во ритамот на љубовните испарувања.

 

Владимир Лукаш

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија