СЛАВА ИМ НА КАМЕЊАТА,
Хуан Карлос Перес Флорес

Понекогаш многу натежнуваат рамењата. Тогаш
си седнувам на еден од тие камења и долго гледам
кон морето.
Па, кој би можел да каже дали сум човек седнат
на камен или камен седнат во човек?
Кој би можел да ми каже дали јас сум фирата,
гнасниот кајмак кога се издвојува млекото, уште еден
од ограбените од ова време?
Човек или камен си ја сфаќам поуката,
самотно си ги абам рабовите,
оставам да помине студот одозгора и одоздола.

 

Хуан Карлос Перес Флорес

Превод од шпански јазик: Никола Ѓелинчески

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија