X.
Марина Стракова

јас сум збрчкан кит
во морињата што бесконечно течат
потопена
во своите превези
каде што планктонот станува
мој сонлив кислород
а трилобитите
од длабочините на океаните
излегуваат
– фрагменти од заедничките спомени
додека ти спиеш,
јас во тишината ти пишувам

 

Марина Стракова

Превод од слованчки јазик: Звонко Танески

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија