Европско слем-првенство – 2020 година

Слем-поезија = поезија + изведба + натпревар + публика + жири = слем.
Комплетна сензација што ја надополнува поезијата на хартија.
Шоу. Забава. Дружење. Интернационално вмрежување.
Поезија. Култура. Сцена. Активизам. Феминизам.
Сето она отаде поезијата, а сепак сосе поезијата.

* * *

Седмо Европско слем-првенство.
Декември 2020 година.
19 земји учеснички:
Македонија – претставник: Игор Трпчески –
слемер, актер, театарски режисер,
Естонија – претставничка: Каиса Куслапуу –
музичакрка и поетеса,
Словачка – претставник: Михал Краковски –
слемер, актер, кловн, жонглер, патувач-истажувач,
Кипар – претставник: Аргири Лизу –
соосновач на изведбена платформа во Кипар,
Ирска – претставник: Бо Вилијамс –
поет-изведувач и писател, родум од САД,
Литванија – претставник: Јуозас Алишаускас –
слемер, актер, стендап-комичар,
Србија – претставничка: Јована Илкиќ –
слемерка, изведувачка и гатачка; по диплома – фармацевтка,
Франција – претставничка: Трезе Акорди –
фем-слемерка,
Данска – претставник: Ласе Нихолм Јенсен –
трикратен дански слем-победник,
Унгарија – претставник: Рихард Саркози –
слемер и копирајтер,
Чешка – претставник: Ондреј Храбал –
слемер, поет и фронтмен на алтернативен рап-бенд,
Финска – претставничка: Соља Крапу –
професорка по уметност, поетеса, романописка, писателка за деца,
Белгија – претставничка: Жули Ломб –
белгиско-конолска слемерка, писателка и ораторка,
Грција – претставник: Панагиотис Дракопулос –
слемер, рапер и изведувач,
Хрватска – претставник: Дино Море–Тременс –
слемер, рапер, комуниколог, гласовен актер, професионален возач,
Русија – претставник: Александер Делфинов –
поет, изведувач, новинар, активист, стациониран во Германија,
Португалија – претставник: Луцерна до Моко –
слемер, правник, текстописец и изведувач, родум оф Ангола,
Словенија – претставничка: Ева Кокаљ –
слемерка, режисерка, изведувачка,
Шпанија – претставничка: Олза Олзета –
слемерка, ЛГБТКју+ активистка и артистка,
3 мажи во комисија:
поетот и критичар Денис Шкофиќ од Словенија,
поетот и организатор на слем-настани Марио Томиќ од Австрија
и поетот-изведувач Јан Малин од Естонија;
1 жена:
слем-поетесата Елена Пренџова од Македонија
и целата онлаин публика.
Победничка: Олза Олзета од Шпанија.
2 полуфиналиња.
10 земји во финале.
Домаќин: Марибор, Словенија.
Организација: Младинскиот културен центар во Марибор
во коорганизација на СиСлем – Словенечката мрежа за слем-поезија.
Модераторка: театарската импровизаторка
и долгогодишна водителка на слем-настаните во Словенија, Мојца Фрим.
Модератор: театарскиот импровизатор и продуцент Јуш Милчински.
Сценарио / извршни продуцентки: словенечката „слем-мама“ Нина Медвед
и Петра Колманчиќ.
Комисија за онлаин гласање: рап-музичарот и слем-поет Мишел Ристов
и поетесата и критичарка Хелена Земљиќ.
Награда: пехар, уметничка скулптура од Јоже Шубиц,
добитник на Наградата за животно дело во 2020 година
на Словенечката мрежа на друштва за визуелни уметности.
Македонија – една од 6-те земји што го пренесуваа првенството во живо.

Елена Пренџова, национална координаторка на Националниот слем-натпревар

Снимки од Седмото Европско слем-првенство може да се гледаат на следниве линкови:
прво полуфинале: https://fb.watch/2ZpIemeGlF/
второ полуфинале: https://fb.watch/2ZpHfg4FCl/
финале: https://fb.watch/2ZpF_m85uP/

 

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија