Тоа е приближно таму
каде што на Господ му снема конци
каде што земjата не е сошиена со небото
се движи во круг
како откината шепа на кадифеното мече –
на туѓото детство дребулиjа
тоа е приближно таму
каде Господова рака
не jа допира сенката на осаменото дрво
исечено со рацете на човекот
спроти Празникот
тоа е приближно така
како сонцето да паѓа на колена
и моли за прошка
от тебе
од мене
затоа
што многу доцна
ги згреало
нашите срца
Анна Багрјана
Превод од украински jазик: Вера Чорниj-Мешкова