На распосланото пладне нек’ му е слава
во мигот кога сенките од дрвјата гинат,
а ликовите наоколу сè повеќе се дават
во премногу светлина, и златножолти се чинат.
Сонцето, горе – и исушениот канал.
Значи, денот мој сè уште трае:
најубавиот час е од другата страна –
зад ѕидчето, ене, варосан залез сјае.
Пустелија, наоколу; само галеб еден
над реликвија од живот во вис се вие.
Добриот дожд е отаде светот беден,
но исчекувањето поголема радост крие.
(Еуџенио Монтале , од збирката песни „Коски од сепија“, Магор, 2013)
Препев од италијански јазик: Живко Грозданоски