Кога последен пат го видов моето дете
јадеше само овесна каша.
Сега е тажно.
Јаде леб и месо со вилушка и нож
и со манири кои веќе го подготвуваат
да умре учтиво и тивко.
Мисли дека сум морнар,
но знае дека немам брод.
И дека немаме море.
Само неизмерни далечини и ветришта.
Движењата на татко ми за молитва
и моите за љубов
веќе лежат сместени во неговото малечко тело.
Да се биде возрасен значи
да се пече лебот на копнежот,
да се седи цела вечер
со вцрвенето лице
спроти отворената рерна.
Моето дете гледа сѐ.
И таа магична формула „Се гледаме“
што научил да ја кажува,
важи само меѓу мртвите.
Јехуда Амихај
Превод од англиски јазик: Иван Шопов