За 100 Илјади Поети За Промена

Дали сакате да се приклучите на многу други поети, музичари,пантомимичари, танчери, фотографи, уметници од целиот светво демонстрациите / прославата на поезијата која има за цел дапромовира сериозни социјални, еколошки и политички промени?
„100 Thousand Poets for Change” – 100 илјади поети за промена е манифестација која е збир на стотици индивидуални настани кои се случуваат истовремено секоја година во многу градови ширум светот.
28 септември е глобалниот ден на манифестацијата 100 илјади поети за промени, за оваа 2013 година! http:/www.100TPC.org
„За каков вид на промени зборуваме?“ Самиот настан има мото „поетите за промена“ и во тој аспект поетите ќе имаат можност да направат минимална промена на свеста на општеството во кое живееме. Преку поезија можноста да се анализираат и презентираат локалните и глобалните проблеми, смртта, животот, човековите права, емоциите, неправдата… Со овој проект целта е да се види дали поезијата и пишаниот збор се доволно силни/ моќни да направат позитивна промена во државата, промена во начинот наразмислување, односот на луѓето, обидот да се инспирираат и мотивираат луѓето за барем минимална промена…
Најпрво зборуваме за промената која е важна за поетите, писателите, уметниците, за сите кои всушност сакаат да создаваат заедно, да се едуцираат и да покажат, истовремено, на другите заедници од целиот свет едно збратимување, обединување, за една силна кауза која треба да биде тема се почесто. Ова ќе го промени начинот како ние ја перцепираме нашата локална заедница, но и глобалната заедница. Сите ние постепено стануваме отуѓени едни од други, се оддалечуваме во последниве неколку години, забораваме на она што не прави луѓе, на она што не поврзува. Ги забораваме нашите соседи, а се поретко се информираме што креираат нашите сојузници кои живеат и создаваат во други земји.
Ние треба да го зајакнеме ова чувство на глобална солидарност. Тоа ќе ни помогне да бидеме похумани и пореализирани!
Се разбира, тука се и политичките / општествени промени за кои многумина од нас зборуваат денови. Има проблеми во светот. Војни, геноциди, екоциди, недостатокот од медицинска нега, расизам, листата можеме да ја продолжиме до бескрај.
Оваа желба за позитивна трансформацијата и градење на поодржлив свет е носечки елемент на овој настан, големата загриженост е глобален водечки принцип за овој настан. Мирот, исто така, но не оној мир кој ни е познат теоретски,оној за кој сонуваме, туку оној за кој ние се трудиме да го создадеме. Војната не е убава. Убивањето, омразата, непочитувањето. Постои огромна потреба кај луѓето да се движиме напред како цивилизација, да престанеме да се движиме наназад. Но, овој настан се обидува целата оваа тема да не е поставена догматски. Оваа манифестација ја има надежта дека сите заедно можеме да ги развиваме нашите идеи за „промена / трансформација“ и ние сме во потрага за подобри решенија како група, додека секоја заедница/ група одлучува за својатаспецифична област на фокус и за нивниот конкретен настан.
Ваков тип на настани се случуваат насекаде низ Балканот, како Србија, Хрватска, Бугарија, вклучувајќи ја и Македонија.Настанотво Македонија се одржува во градот Струмица, на крајот од месец септември.
Во рамки на манифестацијата има КОНКУРС ЗА ПОСТЕР за „100 илјади поети за промена“. Mанифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои се дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а истите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој и слично. Дизајнерските решенија се испраќаат електронската адреса poetizapromena@gmail.comили на Facebook профилот на оваа манифестација,а пратените материјали се разгледуваатод комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението „Контекст“ од Струмица.
.. да го промениме светогледот со зборови, мисли… активистичка поезија, социјална,општествена опсервација на моментални состојби на умот и телото, размисли и разговорисо самите себе, внатрешни промени наспроти големата слика.
Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија