Ѝ реков: дојди со мене вечерва.
Таа одговори замислено:
Не можам, треба да се обесам оваа вечер.
Па, добро, ти имаш цврсто и решително
срце, ќе му дадеш одговор.
Тоа беше тежок одговор.
Не ја видовме два дена. Сите мислевме
дека е мртва…
Отиде до истенчената линија што го
огорчи нејзиниот пат.
Да, тој чекор е маглив, неизбежен.
Но, па што, и тоа е некаков излез!
Слаѓана Атанасова