ПИШУВАЊЕ НА ХАРТИЈА,
Маја Којчева

Веќе одамна не пишувам на хартија…
Се прекорувам себеси за таа негрижлива постапка.
Се прекорувам уште и за милион други, ситни нешта.
Не дека немам причини да се фалам,
Но, не е тоа мој домен.

Пишувам на електронски уреди
И не ми треба светло –
На нив се пишува и во целосна темница.

 

Маја Којчева

Проектот „Шири поезија, не страв“ е финансиран од Министерството за култура                     на Северна Македонија